×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Детската бадникова поворка во Куманово го најави Христовото раѓање

    06.01.2025 15:31 | Оливера Пешевска

    Околу 450 дечиња учествуваа во „Бадникова поворка“ во Куманово, која го најави Христовото раѓање.

    Детската бадникова поворка во Куманово го најави Христовото раѓање

    Поворката тргна од Соколанскиот парк, а заврши на Градскиот плоштад каде беше поставената пештерата, а се одржа и приредба за посетителите.

    „Целта на „Бадниковата поворка“ е возобновување на традицијата и учење на децата на правилни и вистински вредности.  Има пакетче за секое дете- учесник во поворката, доволно број на ѕвездички, ја споделуваме радоста пред Христовото раѓање. Ние ја нарекуваме детска бадникова поворка, меѓутоа секогаш во поворката се движат и возрасни кои ги придружуваат најмалите. Поворката секако привлекува внимание, ова е настан и за децата и за возрасните“, истакна Ружица Денковска.

    Бадникови пакетчиња се делеа во просториите на Занаетчискиот дом, само на учесниците по завршување на забавата на плоштадот.

    По повод празникот беше организиран и тематски литературен конкурс во организација на „Бадникови поворки“, Друштвото на писатели од Куманово и општинските служби доделија награди и признанија за победниците.

    Средствата за изработка на бадниковите ѕвезди беа обезбедени од образовните асистенти од сите основни училишта во градот.

    Бадниковите пактетчиња се донација од Општина Куманово, хуманитарни организации и приватни лица од градот.