Девет села без струја
12.09.2014 06:57
| KumanovoNews
Денеска струја ќе нема во вкупно девет кумановски и липковски села.

Поради дефекти на електричната мрежа без напојување со електрична енергија се жителите на Орашац, Младо Нагоричане и улица “ЈНА“ во Куманово. Планирани исклучувања поради технички зафати во среднонапонски извод Глажња има во селата Љубодраг, Умин Дол, Ново Село, Ропаљце, Р'нковце, Гошинце и Лукаре. Во овие села ќе се работи од 8 до 15 часот, информираат од ЕВН.