Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На Градскиот плоштад , наредната недела во четврток, петок и сабота со почеток во 20.30 часот ќе се оддржи деветиот по ред Меѓународен тамбурашки фестивал 2013.
Првата вечер од фестивалот е резервирана за Српска (војводинска) тамбурашка музика и ќе настапат тамбурашкиот оркестар Зоруле од Нови Сад и група Деспина од Битола.
Во петокот ќе биде Македонската тамбурашка фестивалска вечер и ќе настапи Нино Величковски со концерт по повод 30 години кариера.
Во саботата кумановци ќе ја следат Црногроската тамбурашка фестивалска вечер на која ќе се претстават Звуци са Ринбице од Подгорица и Здравко Ѓурановиќ и Пријатели со оркестарот на Дејан Илиќ.