Деветнаесет одобренија за градба во регионот
21.11.2014 08:48
| KumanovoNews
Деветнаесет одобренија за градба во септември се издадени во општините во североисточниот регион, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Во Куманово ќе се градат 9 објекти од кои 7 за физички лица, а 2 за деловни субјекти. Во Крива Паланка ќе се градат 6 објекти, сите деловни објекти. Во Кратово ќе се градат 2 објекти, еден деловен и еден за физичко лице. Во Липково ќе се гради еден деловен објект, а во Старо Нагоричане само едно физичко лице добило дозвола за градба во наведениот период.
Во септември годинава само во општина Ранковце не се издадени дозволи за градба.