Мени

Девојка од Куманово пријавена за исчезната во Скопје

17.04.2018 12:58 | KumanovoNews

Седумнаесет годишна девојка, која била на гости во Скопје пријавена е за исчезната.

Девојка од Куманово пријавена за исчезната во Скопје

Р.К.(17) од Куманово, додека била на гости кај нејзината баба во населбата Шуто Оризари околу 9 часот се оддалечила од домот во непознат правец.

 Нејзиното исчезнување вчера во 13 часот во Полициската станица Чаир, го пријавила И.Б. (42) од Куманово.

Се преземаат мерки за нејзино пронаоѓање.