×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Дезинфекција во основните и средни училишта

    21.08.2014 07:58 | KumanovoNews

    Служба од Центарот за јавно здравје од понеделник ќе почне со дезинфекција во сите основни и средни училишта во градот.

    Дезинфекција во основните и средни училишта

    Дезинфекција се врши редовно пред почетокот на секоја учебна година и за време на зимскиот распуст.

    “Започнуваме со превентивна дезинфекција, со дезинсекција по потреба на училиштето и дератизација. Опфатени се сите средни и основни училишта со нивните подрачни школи. Ова е вообичаена активност, нашата служба располага со апаратура, со сертифицирани средства. Ако нешто има по епидемиолошки индикации во текот на учебната година, нашата служба реагира и врши дезинфекција, дезинсекција и дератизација “ - вели Јадранка Стаменковска, епидемиолог  во Центарот за јавно здравје.

    Истите екипи ќе ги дезинфицираат и школите во Липково, Старо Нагоричане, Кратово, Крива Паланка и Ранковце.