Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од Центарот за јавно здравје Куманово информираат дека во текот на изминатите 24 часа, извршена е дезинфекција на 14 вагони, објекти и просторот во пунктот за помош на мигранти со површина од 2800 м2.
Направен е санитарно хигиенски и епидемиолошки увид во пунктот.
За време на увидот на пунктот немало мигранти, а од страна на тимот на Црвениот крст кој бил присутен на пунктот, ЦЈЗ бил информиран дека во утринските часови низ пунктот поминале 1487 мигранти. Направен е увид во објектот за водоснабдување каде е воспоставен систем за хлорирање на водата. Земени се два примерока на вода од чешма во женски тоалет и чешма во пунктот - стои во извештајот од Регионалниот центар за управување со кризи.
Дадени се препораки за почеста дезинфекција на славините на чешмите и собирање на медицинскиот отпад во соодветна амбалажа. Епидемиолошката состојба се следи постојано.