Дигитален апарат запленет на Табановце
09.02.2016 09:48
| KumanovoNews
Минатата недела на граничен премин Табановце е запленет 1 дигитален фотоапарат со полнач, објектив и 1 ранец.

Стоката е откриена при контрола на македонски автомобил со кој за влез во државата, на граничниот премин Табановце автопат, се пријавиле двајца македонски државјани. Непријавените производи сопственост на сопатникот во возилото, се пронајдени во ранец сместен во багажникот на возилото. Истите се привремено задржани, а против прекршителот е поведена соодветна постапка.
Минатата недела во два одвоени случаи цариниците на Табановце спречија и шверц на девизи.