×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Дијана Вукановиќ, нова атлетска надеж за Куманово

    02.12.2019 10:48 | KumanovoNews

    Дијана Вукановиќ (15), ученичка во Гимазија „Гоце Делчев“ е новата атлетска надеж за Куманово. За само три години во Атлетскиот клуб во Куманово има освоено бројни награди и медали на преку 70 меѓународни и државни натпреварувања.

    Дијана Вукановиќ, нова атлетска надеж за Куманово

    Младата атлетичарка, вели дека се гледа како државен репрезентативец, а исто така се надева дека ќе успее и да учествува на Олимписките игри.

    „Уште како мала бев активна и го сакав спортот. Љубовта кон атлетиката сама по себе се навлече по мојот прв натпревар за моето училиште. Пред три години започнав да тренирам во Атлетски клуб Куманово. Во иднина се гледам најпрвин како државен репрезентативец, а потоа како и на секој млад атлетичар желба ми е да одам на Олимписки игри. Изминативе три сезони редовно учествувам на државните првенства во атлетика и постигнувам вревни резултати. Повеќе пати имам освојувано 1 место во својата возраст под 16 години, најдобра сум во 2 дисциплини и тоа на 100 м пречки и во повозрасната категорија под 18 години. Имам учество на неколку меѓународни митинзи во Бугарија“, - вели Вукановиќ.

    Тренинзите најчесто ги изведува на атлетска патека во Соколана, а во зимски период користи сала и сопствена теретана.

    „Единствено нешто кое ни недостасува е затворена атлетска патека. Крај на еден тренинг значи почеток на нов. Тренираме 6 пати неделно, но секогаш имаме дополнителни активности покрај главниот тренинг. Исхраната е една од најважните фактори за успех во спортот и тоа бара посебен режим на исхрана“, - додава Дијана.

    Младата спортистка смета дека малку се вложува во атлетиката и за да се подобри состојбата во спортот треба да се направи целосна промена.

    „Спортот треба да биде дел од сечиј живот. Тоа е основното мерило на здравјето на секој човек“, - е мотото на успешната атлетичарка, која е на добар пат да ги остави своите соништа.

    Најголем идол `и е американската атлетичарка Ниа Али која за кратко време по нејзиното породување ја освои светската титула на 100 м со пречки.