×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Димитриевска и Додевски се закитија со медали на Државното пингпонгарско првенство во Штип

    05.12.2019 14:34 | KumanovoNews

     Ива Димитриевска и Милан Додевски, ученици од гимназијата „Гоце Делчев“ во Куманово, членови на Пингпонгарскиот клуб „Рисови“ од Скопје, освоија две медали на 28-то Државно првенство во екипна конкуренција за јуниори, кое се одржа викендов во Штип.

    Димитриевска и Додевски се закитија со медали на Државното пингпонгарско првенство во Штип

    Во силна конкуренција, екипата на Ива Димитриевска освои златен медал, додека екипата на Милан Додевски се закити со бронзен медал.

    „Пресреќни сме што ваков успех постигнавме на едно државно натпреварување. Ова само покажува дека пингпонгарите од нашиот град имаат потенцијал за високи резултати. Ќе продолжиме да тренираме со несмален интензитет  и очекуваме уште многу медали на поединечни и екипни натпреварувања.  Мора да напоменеме дека успехот е заеднички со нашите клупски другари Лука и Бојана, - изјавија Ива и Милан.

    На првенството учествуваа осум екипи во машка конкуренција и шест екипи во женска конкуренција, а се одржа во организација на ППК Шампион ФА, а под покровителство на ППФМ.

    Екипата на ППК „Рисови“ од Скопје по заслуга на кумановските пингпонгари беше најуспешна на првенството.