×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Димитриевски ќе поднесе преставка до внатрешна контрола на МВР

    15.06.2020 08:44 | KumanovoNews

    Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски, денеска ќе поднесе Известување со барање за постапување до Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во МВР во Скопје, соопштуваат од Општина Куманово.

    Димитриевски ќе поднесе преставка до внатрешна контрола на МВР

    Во известувањето не е наведено од кои причини, но најверојатно е поради тоа што МВР на 29 април, до Основното јавно обвинитество во Куманово му поднесена пријава за непочитување на самоизолацијата по член 206 од Кривичниот законик.

    Подоцна ОЈО ја отфрли пријатата како неоснована, а Димитриевски најави дека ќе ги тужи надлежните во Државниот здравствен и санитерен инспекторат и МВР, заради нарушување на угледот.

    Димитриевски за цело време тврдеше дека се работи за монтиран случај, без да образложи од кого и поради што.

    Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди е контролниот механизам на МВР врз работата на полицијата и Министерството, за утврдување на непрофесионалното, незаконито и неетичко постапување на вработените како и преземање на низа мерки и активности за нивно спречување од превентивен и репресивен аспект.

    Согласно Законот за внатрешни работи, Одделот за внатрешна контрола, криминалистичи истраги и професионални стандарди е посебна и независна организациска единица на МВР која остварува внатрешна контрола за потребите на Mинистерството и спроведува постапки за оценување на законитоста на постапувањето на вработените  во МВР.

    Граѓаните имаат право да поднесат претставка до Министерството односно до Одделот заради заштита и остварување на своите права и кога сметаат дека со постапувањето на работникот во Министерството се повредени нивните слободи и права. За извршената проверка на наводите во претставката Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во рок не подолг од 30 дена од приемот на претставката  во писмена форма треба да го извести подносителот за утврдената состојба и преземените мерки.

    (С.Н)