Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Независниот кандидат за градоначалник Максим Димитриевски и носителката на листа за советници од граѓанската иницијатива „За наше Куманово“ Ивана Ѓорѓиевска, денеска беа во посета на Домот за стари лица „Зафир Сајто“ од Куманово.
„Сакам да најавам во рамки на следните четири години дека ќе вложиме и инвестираме средства за проширување на овој капацитет и овој дом за стари лица којшто е еден од најдобрите во државата. Во минатото, инвестирани се сериозни средства. Изградена е нова кујна, нови трпезарии и реконструкција на постоечките соби, а дополнително отвораме и уште еден ваков капацитет на локација Проевце. Во моментов, разговараме со Здружението на пензионери во Куманово, каде со заеднички сили во следниот период сакаме да направиме доградба на постоечкиот капацитет на Домот на пензионери во Куманово за трајно сместување на пензионери. Со ова, ќе им овозможиме на најстарите генерации посоодветно сместување и згрижување. Верувам дека концептот „За наше Куманово“ ќе биде препознаен од граѓаните и секако ја бараме поддршката за него“, рече Димитриевски.