×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • (ВИДЕО) Поради пресуда за мобинг да се смени директорката на библиотеката “Тане Георгиевски“, побара СДСМ Куманово

    15.03.2024 13:26 | Оливера Пешевска

    Христина Алексовска да биде разрешена од фукнцијата директорка на Библиотека „Тане Георгиевски“ од Куманово,  бидејќи против неа е донесена правосилна пресуда за вршење на мобинг потврдена од Апелациониот суд, побара денеска општинската организација на СДСМ Куманово.

    „Иако се работи за прва ваква пресуда во Општина Куманово, а трета во Република Македонија градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски кој ја има поставено ова директорка, која врз основа на правосилна пресуда докажано е дека извршила мобинг, односно вознемирување на работното место се уште и покрај повеќе јавни повици да ја разреши директорката останува глув на ваквите барања и дозволува со ова установа да раководи лице, кое врз основа на наведените пресуди врши малтретирање на вработените. Оттука јавно го повикуваме градоначалникот и претседателски кандидат Максим Димитриевски, кој претендира да раководи со државата, а очигледно е неспособен да именува квалитетни и квалификувани кадри во институциите кои се под негова надлежност веднаш да реагира и да ја разреши директорката на библиотеката во Куманово“, побара на прес конференција советникот Александар Јовановски.

    Според Јовановски, со пресуда на Основниот суд во Куманово, било утврдено е дека директорката на Библиотеката, Христина Алексовска извршила вознемирување на работното место, односно мобинг врз вработената Елена Јаќимовиќ. По истата пресуда судот и забранил да врши вознемирување на работното место, повторување на делото, како и да изврши надомест на нематеријална штета на вработената. Со пресуда, пак на Апеклациониот суд од 15 февруари 2024 година, ваквата одлука на Основниот суд Куманово е потврдена.

    Од СДСМ Куманово велат дека имаат писмени докази дека во библиотеката во 2021 година е извршено вработување, обжалено од страна на кандидат кој не е избран. Првин Основниот суд во Куманово, а потоа и Апелацискиот суд од Скопје донеле одлука со која се поништува одлуката, која директорката ја крие од јавноста. Врз основа на овие наводи тие бараат ОЈО да покрене кривична постапка за злоупотреба на службена положба и овластување.

    (ВИДЕО) Поради пресуда за мобинг да се смени директорката на библиотеката “Тане Георгиевски“, побара СДСМ Куманово