×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Дизелот поскапува за два денари

    16.01.2025 16:12 | Сузана Николиќ

    Цената на дизел горивото од вечерва на полноќ ќе се зголеми за два денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад. 

    Дизелот поскапува за два денари

    Ова е второ поскапување на Еуродизелот ова недела, откако во понеделникот веќе беше одлучено да се зголеми цената за еден денар. За 1,051 денар за килограм поскапува и мазутот.  

    Највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт, изнесуваат:

    - Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС - 95 - 79,50 (денари/литар)

    - Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС – 98 - 81,50 (денари/литар)

    - Дизел гориво - ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) - 75,50 (денари/литар)

    - Масло за горење - Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) - 73,00 (денари/литар)

    - Мазут М-1 НС - 46,336 (денари/килограм)

    Малопродажните цени на бензините Еуроспуер БС-95, Еуросупер БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство  не се менуваат, односно остануваат на ниво на одлуката од 13 јануари.

    Со оваа одлука се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,01 проценти, што се должи на движењето на референтните цени на светскиот пазар.