Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
КУД „Ѓоко Симоновски“, кое функционира при Здружение на пензионери Куманово, во понеделник ќе настапи на Фестивал за дувачки оркестри во Пехчево.
Кумановските пензионери таму ќе се претставaт со 40 минутна културна програма.
Ова ни е втор настап во Пехчево. Поканети сме од градоначалникот, бидејќи настанот го организира општината. Таму бевме и пред неколку години и ќе гледаме да се претставиме во најдобро светло - вели Љубица Кумановска, потпретседател на Здружение на пензионери Куманово.
Кузмановска објаснува дека во меѓувреме девет нивни членови заедно со професионални актери ја подготвуваат претставата „Зад кулисите“ во кумановскиот театар.