×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ѓорѓиевски го посети Центарот за јавно здравје

    12.03.2013 10:42 | KumanovoNews

     Кандидатот за градоначалник од ВМРО - ДПМНЕ, Зоран Ѓорѓиевски денеска го посети Центарот за јавно здравје за кој истакна дека многу придонесува за квалитетот на животот во градот.

    Ѓорѓиевски го посети Центарот за јавно здравје

    Тој додаде дека вработените во оваа установа редовно вршат контроли на водата за пиење, храната, работат на дезинфекција на поплавените домови.

    Денеска најдовме време во нашата агенда да посетиме една установа која е многу важна за доброто на граѓаните и за квалитетот на живот. Тоа е Центарот за јавно здравје каде се врши контрола на многу работи за кои нашите граѓани не се запознаени дека се работат во овој град. Тие се неправедно ставени во сенка, а тоа се нашите чувари во сенка за нашето здравје. Овдека се врши контрола на квалитетот на водата секојдневно. Со пет - шест контроли секојдневно и во случај на некоја аномалија се дава аларм за дезинфекција на водата. Водата е еден од најпреносливите сретства за зарази. Втората работа која ја контролира овој завод е контрола на храната кој влегува во градот. Таа не некој начин се грижи за квалитетот на здравјето во нашата општина. Сега им посветивме внимание бидејќи во поплавите кои беа пред десетина дена во нашиот град неправедно беа запоставени на страна, на терен беа многу активни. Благодарение на нив во селата Клечовце, Јачинце, Довезенце, Пчиња, Шупли Камен, направена е контрола на водата која беше загадена, правеа хлорирање на бунарите, на пумите - изјави Ѓорѓиевски.

    Тој вели дека како иден градоначалник ќе биде отворен за соработка со вработените од Центарот за јавно здравје, и им порача доколку имаат каков било проблем веднаш да алармираат.