Ѓурѓовденски сoбир во Старо Нагоричане
Во Старо Нагоричане вечерва ќе се оддржи традиционалниот Ѓурѓовденски собир што организира месната заедница под покровителство на општината Старо Нагоричане.

Главна атракција на манифестацијата е печење на бик на ражен, а печењето ќе биде поделено на посетителите.
Прославата ќе започне вечерва во 19.30 часот со настап на културно - уметничките друштва “Карпош“, “Српски вез“ како и ансамбал од Крива Паланка, а народната веселба ќе трае до раните утрински часови. На сред село ќе се постават штандови за скара и пијалаци, како и маси и столчиња за гостите.
Ѓурѓовденски собир се организира по повод утрешната селска слава, а организаторите очекуваат голема посетеност на жителите од регионот.
Ѓурѓовденскиот собир се организира последниве 5-6 години.