Мени

До 10 јули пријавување на штетите од вчерашните поплави во Куманово

02.07.2026 14:06 | KumanovoNews

Граѓаните кои претрпеле штета од поплавите предизвикани од обилните врнежи од дожд што вчера го зафатија Куманово, треба да ја пријават во Општината.

До 10 јули пријавување на штетите од вчерашните поплави во Куманово

Оштетените можат да поднесат барање до Комисијата за процена на штети од природни непогоди и други несреќи, во архивата, најдоцна до 10 јули.

„Кон барањето потребно е да се приложи: копија од лична карта за физички лица, односно решение или тековна состојба од регистрација во Централниот регистар за правни субјекти – сопственици на имотот;
копија од имотен лист за објектите што претрпеле оштетувања од поплавите и копија од трансакциска сметка на сопственикот. Доколку при поднесувањето на барањето не биде доставена целосната документација, членовите на Комисијата ќе ги известат барателите за потребната дополнителна документација при увидот на лице место, соопшти Општина Куманово.

(Фото. Архива Кумановоњуз)