Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Три месеци по ред доцни платата на вработените во Јавното претпријатие „Пазариште“ Куманово, а главна причина е што препријатието има големи расходи на месечно ниво, особено во ставката за исплаќање на личните доходи.
„Со зголемување на минималната плата во неколку наврати и усогласување на платите на вработените се јавува финасиска дупка која претпријатието, само по себе, не може да ја амортизира. Расходите се зголемени за повеќе од 500 илјади денари месечно само по ова прашање. Бараме помош од Општина Куманово да се обезбеди помош на претпријатието, состанокот е закажан и искрено верувам дека во најскоро можно време ќе се разреши ова ситуација и ќе се вратиме на навремено и континуирана исплата на платите“, истакна директорот Газим Кадриу.
Расходната страна на „Пазариште“ е зголемена и по останатите ставки, како што се редовните сметки за електрична енергија, водоснабдување и други тековни одржувања. И иако извештаите покажуваат дека нема други издатоци, сепак со бројот на сегашни корисници, нередовната наплата на дел од закупците и нелојалната конкуренција на продажба надвор од Зелениот пазар го ставаат јавното претпоријатие во незавидна положба.
Индивидуалните земјоделци од кумановско ги продаваат своите производи на јавните површини околу зелениот пазар наместо на тезги во зелениот пазар, иако во 2022 година беше постигнат договор за дневна карта во виснина од 120 денари.
Искористеноста на просторот што го издава претпријатието е нешто поголемо од 60 проценти, останатите тезги на пазарите се празни. Причина за се помалата заинтересираност е голема понуда на овошје и зеленчук во маркетите, застареноста на опремата на пазарите, недостиг на паркинг простор, како и масовното иселувањето на младите од градот.
Ниту синдикалната организација, ниту вработените не реагираат јавно за доцнењето на платите во изминатите неколку месеци, иако неофицијално изразуваат незадоволство од моменталната ситуација.
ВО ЈП „Пазариште“ Куманово вработени се вкупно 42 лица.