Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во девет училишта во Општина Куманово утринава пристигнале дојави по мејл дека се поставени бомби во училиштните згради.
Како што информира Александар Јовановиќ, раководител на Сектор образование на Општина Куманово дојави за бомби има во основни училишта: „Магдалена Антова“, „11 Октомври“, „Сами Фрашери“, „Христијан Карпош“ во населбата Перо Чичо, како и во подрачното во селото Пуковско, „Крсте Мисирков“ и „Браќа Миладиновци“, „Карпош“ во Умин дол и „Јероним де Рада“ во селото Черкезе. Под закана бил и Регионалниот центар „Киро Бурназ“ кој е под надлежност на Министерството за образование и наука.
Во сите училишта пристигнале припадници на МВР и Агенцијата за национална безедност, и се вршат проверки. Учениците и вработените се пуштени дома.