×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во „Крсте Мисирков“ дојавата за бомба е лажна, попладневната смена со редовна настава

    07.02.2025 12:36 | Оливера Пешевска

    Лажна е дојавата за бомба во зградата на Основното училиштето „Крсте Мисирков“ во Куманово, утврдија тимови на МВР и Агенцијата за национална безбедност.

    Во „Крсте Мисирков“ дојавата за бомба е лажна, попладневната смена со редовна настава

    Попладневната смена за учениците вп ОУ „Браќа Миладиновци“ ќе се одржи редовно, како и општинскиот натпревар по физика закажан за денеска.

    Заканата во училиштете  била забележана по големиот одмор, некаде во 9.15 часот, по што раководството постапило по протокол.

    „Заканувачкиот мејл пристигна на старата интернет адреса на училиштето, која се уште е функционална. Ги известивме полицијата и Секторот за образование, полицијата реагираше многу бргу. Не е пронајдена експлозивна направа, зградата може да се користи во попладневната смена“, објаснува директорката Александра Стаменовска.

    Учениците биле безбедно евакуирани и  од најгорниот, трети кат на зградата, а истовремено била вопоставена во комуникација со колегите во објектот на Соколана и на улицата „Тане Георгиевски“. Проверка е направена и на спортската сала на училиштето.

    Проверка на зградата направиле припадници на МВР и Агенцијата за национална безедност, а направена е анкета за безбедностите мерки кои ги има училиштето.

    „ Она што е до нас се е преземно, има видео надзор во училиштето. Не сме забележале сомнителен пакет, сите вработени од двете училишта носат беџови, нема случаи некој непознат да влегува во нашите простории“, дополнува директорката.

    Во Куманово дојави за бомби добиле основните училишта: „Магдалена Антова“, „11 Октомври“, „Наим Фрашери“, „Христијан Карпош“ во населбата Перо Чичо, како и во подрачното во селото Пуковско, „Крсте Мисирков“ и „Браќа Миладиновци“, „Карпош“ во Умин дол и „Јероним де Рада“ во селото Черкезе. Под закана бил и Регионалниот центар „Киро Бурназ“ кој е под надлежност на Министерството за образование и наука.