×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Докторка од Кумановската болница една од петте новозаболени од коронавирус

    24.03.2020 14:28 | KumanovoNews

    Докторка - вработена во Општата болница е една од петте новозаразени од коронавирусот во изминатите 24 часа во Куманово. Докторката информацијата за својата болeст ја сподели на Фејсбук.

    Докторка од Кумановската болница една од петте новозаболени од коронавирус

    Таа вели дека не треба да се крие болеста и затоа ги повикува граѓаните да ги почитуваат мерките и да останат дома , затоа што не се знае кој е носител на вирусот.  Не знае од кого точно се заразила, но имала контакт и со првата почината пациентка во земјава.

    - Драги мои фб пријатели Ковид - 19, не е шега!!! Да, ПОЗИТИВЕН ми е тестот на Ковид -19 . Денес дознав. Шок, секако, не сакам да верувам. Немам уште написмено, ама ми соопштија. Ова не се крие, се кажува, допрва ќе има случаи. Но, за нас медицинските лица тоа е нешто за што знаеме дека може да ни се случи, данок на професијата. Космонаутската заштитна маска ја купив доцна. Можам само да претпоставувам од кого го добив вирусот, не да тврдам. За тоа епидемиолозите ќе се погрижат, ако можат воопшто да најдат. Имав контакт, службено и со заболената која почина, имав контакти и со 'здрави' луѓе на работа. Не шетав никаде надвор од МК. Не знаеме кој е носител, а навидум е здрав. Никој не сака свесно да пренесе некому, затоа СЕДЕТЕ ДОМА. Вие кои не морате да одите на работа не одете на кафе по комшии, правете муабет на растојание од 2 метра ако веќе морате. Користете мобилен за муабет. Јас еве сега ќе бидам во карантин дома, нема да излегувам од дома, да не ми се плашат прво комшиите во влезот. Нема ни во лифт да се возам да знаат. Кеси со храна и друго пред врата ќе ми оставаат мои блиски и откако ќе си заминат ќе ја земам кесата. Не се плашам за мене, се плашам за другите. И се си мислам дека ова е лош сон, ама не е. Реалност е. Отидов да пијам чај и сок од лимони, да правам смути, да пијам суплементи. За сега сум ок, освен главоболка и лесно кашлање, немам друг сипмтом. Цел живот нешто се борам и еве пак. Чувајте се. Постот го пишувам за доброто на сите, - напиша докторката.

    Неофицијално, во Куманоската болница позитивни тестови на коронавирус пристигнале за уште еден лекар и на една медицинска сестра.

    Лекарите и медицинскиот персонал се жали дека нема соодветна заштитна опрема на инфективното одделение, освен обични маски и ракавици. Пред два дена на одделението почина жена, а син и е позитивен на коронавирус, на кои предходно двата теста им биле негативни.

    Во Куманово има осум заболени од коронавирус, а само денeска 5 нови случаи.