Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
По апсењето на градежната испекторка од Куманово, осомничена за земање мито, од партијата ДОМ бараат одговори од надлежните институции.
Тие прашуваат дали правниот субјект ќе биде санкциониран за градење надвор од градежната дозвола, дали незаконски изградената градба ќе биде срушена, дали ќе се направи ревизија и на останатите испектирани градби од истиот испектор и, како што велат, конечно дали ќе се охрабрат овластените комунални испектори (или треба да се санкционираат за неспроведување на закон со умисла и интерес) да го применуваат Законот за зеленило на сите градби во општина Куманово и државата, каде е предвидено 20 отсто од градежната парцела да биде зеленило.