Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Демократската обнова на Македонија (ДОМ) од денеска па до 3 октомври ќе реализира акција за собирање на е - отпад, во која ќе се вклучи и општинската организација од Куманово.
“За таа цел се обративме до општина Куманово и остваривме средба со градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски, при што добивме поддршка за реализација на акцијата на локално ниво. Градоначалникот се согласи да ни обезбедат 3-4 контејнери или други собирни садови и локација за реализирање на акцијата“ - вели Светлана Божиновска, претседател на ДОМ Куманово.
ДОМ заедно со Асоцијацијата Ајде Македонија е иницијатор на акцијата „Македонија без отпад” која се одржува веќе трета година со поддршка од Министерството за животна средина.
Минатата година ДОМ направи акција за собирање е - отпад во повеќе градови во Македонија и тие наидоа на одличен прием кај граѓаните.