ДРОМ прави ревидирање на програмата за вработување
ДРОМ денеска направи ревидирање на програмата за активните мерки за вработување на УНДП, програми кои претходните две години се работени во партнерство со Агенцијата за вработување.

Повикани беа лица кои се веќе вклучени во овие мерки, претставници на невладини организации и претставници од институции. Целта на ова ревидирање е да се види кои се пропустите од досегашното работење.
Мислам дека во изминатите две години покажавме доста добри резултати и квалитетни. Имавме доста лица кои немаа доверба во самите институции. Во партнерство со АВРМ, невладини организации, локална самоуправа имаме доста добри резултати. За самовработување бројката е многу поголема за разлика од минатите години каде што не бевме ние вклучени, општинско-корисна работа каде што почнавме пред две-три години со шест луѓе, а сега бројката е зголемена на петнаесет, обука кај познат работодавач и други мерки - рече Ахмет Јашаревски од ДРОМ.
Јашаревски се надева дека наредните години бројките за искористеност на активните мерки ќе бидат во пораст.