Друштвото на писатели на поетско читање во Старо Нагоричане
31.10.2014 09:56
| KumanovoNews
Поетскиот караван на Друштвото на писатели на Македонија, во недела ќе го посети Старо Нагоричане.

Познати поети ќе читаат поезија пред црквата Св.Ѓорѓи. Програмата ќе биде збогатена со монодрама, музика, ликовна изложба и научен дел со афирмирани професори.
И овој настан ќе биде со хуманитарен карактер и собраните средства од продажба на книги ќе бидат донирани за невладината НОРА за ревматизма и артритис.
Старо Нагоричане е деветто населено место, кое ќе го посети караванот на Друштво на писатели на Македонија.