×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Државата ќе го реши статусот на стечајците

    14.01.2014 15:55 | KumanovoNews

    Владата донесе одлука за донесување на Закон за стечајните работници, кои останаа без работа од претпријатија во доминантна државна сопственост.

    Државата ќе го реши статусот на стечајците

    Владата предвидува со новиот закон да бидат опфатени сите стечајни работници кои останале без работа од 2004 година  до 31 декември 2013 година.

    Нашето решение е материјално обезбедување на овие лица со најмалку 7.100 денари месечен социјален надомест. За нив ќе важат сите услови како и за лицата кои беа опфатени со претходниот закон, соопшти премиерот Никола Груевски на денешната прес-конфернција.

    Со законот ќе бидат опфатени околу 3000 стечјаци со нерешен статус.

    Со закон ќе се решава и проблемот на професионалните војници кои останале без работа.