Државна помош за одржување на шумите
27.12.2014 10:31
| KumanovoNews
До 31 декември во Платежна агенција граѓаните и фирмите можат да аплицираат за добивање на средства за одржување на шумите.

Се доделуваат 20.000 денари за видно и трајно обележување на шумите. По 500 денари за метар кубен дрва, но не повеќе од 10.000 денари се даваат за одржување, стопанисување и чистење на шумите, како и сума до 120.000 денари за набавка на пили и друга опрема потребна за одржување на шумскиот фонд.