Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Центарот за култура “Трајко Прокпиев“ утре во малата сала концерт ќе оддржи Дуо Пан од Скопје.
Членови на Дуо Пан се Билјана Петровска, пијанист и Петар Колевски, кларинетист. Билјана Петровска своето музичко образование го стекнала во Скопје, а во 2004 година два месеци престојувала во Париз каде имала настапи. Дуото настапувало во Музеј на град Скопје, во Салата на ФМУ, се претставиле во рамки на манифестациите Скопско лето, Есенски музички свечености и Топол културен бран. Гостувале во Велес, Битола, Струмица, Тетово, Врање , Драч и Скадар.
Карактеристично за ова дуо е што имаат разнодвиден репертоар. Досега снимиле два промотивни компакт диска со поп и џез, а имаат и компакт диск насловен како Кларинетски фантазии.
Концертот почнува во 20 часот.