×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Двајца кумановски обвинители на листата помошници на Јанева

    30.09.2015 14:48 | KumanovoNews

    Љубомир Лапе и Бурим Рустеми, обвинители во Основното јавно обвинителство во Куманово се наоѓаат на листата на предложени кандидати за Специјалното обвинителство.

    Двајца кумановски обвинители на листата помошници на Јанева

    Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева денеска го објави списокот со 14 кандидати за нејзини помошници.

    Најголем дел од предложените обвинители се од Куманово, Тетово и Скопје, а еден е од Обвинителството за организиран криминал. На списокот се јавните обвинители Лиле Стефанова, Фатиме Фетаи, Артан Ајро, Бајрам Рустеми, Гаврил Бубевски, Дарко Јакимовски, Елизабета Јакимовска, Лејла Кадриу, Ленче Ристовска, Љубомир Лапе, Маре Ѓорѓева, Снежана Бундалевска, Стефчо Дончев и Трајче Пеливанов.

    Списокот е поднесен до Советот на јавни обвинители на Македонија, кој ќе треба да се произнесе за истите и тие заедно со Јанева ќе работат на предметите кои се поврзани со незаконското прислушување.