×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Двајца новозаболени, еден починат и еден оздравен од коронавирус од Кумановско

    20.06.2020 14:25 | KumanovoNews

    Еден новозаболен во Куманово, еден нозаболен и еден починат во Липково, е статистиката од изминатото деноноќие во Центарот за јавно здравје во Куманово.

    Двајца новозаболени, еден починат и еден оздравен од коронавирус од Кумановско

    Во последните 24 часа во земјава се регистрирани 185 нови случаи на КОВИД-19, а направени се 1364 тестирања. По градови : Скопје 96, Куманово 2, Дебар 18, Штип 4, Прилеп 1, Тетово 14, Струга 20, Велес 2, Битола 2, Охрид 7, Кавадарци 2, Гостивар 2, Крива Паланка 1, Пробиштип 1, Свети Николе 2, Кичево 3 и Ресен 8.

    Починати се 11 лица, осум од Скопје, еден пациент од Куманово, еден од Штип и еден од Тетово. Во ГОБ „8 Септември“ починаа осум лица-пациент (53) примен на 17 јуни, пациент (66) примен на 5 јуни, пациент (67) примен на 15 јуни, пациентка (65) примена на 10 јуни, пациентка (73) примена на 9 јуни, пациент (62) хоспитализиран на 15 јуни, пациентка (65) примена на 13 јуни и пациент на (76).

    Во ОБ Куманово почина пациент (78) хоспитализиран на 12 јуни. Во КБ Штип почина пациент (63) примен на 18 јуни, во Тетово почина пациентка (62), потврдена позитивна на 17 јуни.

    Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 41 оздравен пациент: Скопје 29, Куманово 1,  Штип 4,  Тетово 2, Велес 4 и Гостивар 1.

    Досега во земјата се направени вкупно 50.384 тестирања на КОВИД-19.

    Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5005, бројката на оздравени пациенти е 1904, на починати е 233, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2868.