×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Двајца новозаразени и двајца почината од коронавирус во Куманово

    17.06.2020 12:45 | KumanovoNews

    Во последните 24 часа се направени 1391 тестирање на ниво на целата држава, а во Центарот за јавно здравје во Куманово се регистрирани 2 нови случаи.

    Двајца новозаразени и двајца почината од коронавирус во Куманово

    По еден од Куманово и Липково, а починати се пациенти од Опае и Куманово.

    Вкупно се регистрирани 193 нови случаи на КОВИД-19 во:  Скопје 140, Куманово 2, Дебар 1, Штип 6, Тетово 19, Струга 5, Велес 2, Охрид 11, Гостивар 4, Свети Николе 1 и Ресен 2.

    На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа три лица од Скопје на возраст од 78 и 47 години хоспитализирани на 4 односно 7 јуни и пациентка на 85 години, хоспитализирана на 9 јуни.

    Во ГОБ „8 септември“ починаа четири лица, двајца пациенти од Скопје на возраст од 69 и 67 години, хоспитализирани на 9 односно 15 јуни, пациентка од Куманово на 67 години, примена на 2 јуни и пациент од Тетово на 61 година, примен на 2 јуни.

    Во ОБ Куманово почина пациент на 81 година, хоспитализиран на 3 јуни, во ОБ Охрид пациент на 83 години, примен во болницата на 8 јуни.

    Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 46 оздравени пациенти од: Скопје 35, Куманово 1, Штип 6, Тетово 1, Струга 1, Гостивар 1 и Валандово

    Досега во земјата се направени вкупно 46.445 тестирање на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

    Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4482 бројката на оздравени пациенти е 1803, на починати е 210, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2469.