Двајца патници приведени на Табановце
20.11.2014 13:51
| KumanovoNews
На граничен премин Табановце, вчера во два одделни случаи се приведени двајца патници, од кои едниот за издржување на затвор, а другиот затоа што приложил лажен пасош.

И.Д.(22) од Струмица е приведен околу 14.30 часот при влез во земјава, бидејќи требал да издржува затворска казна од четири месеци за тешка кражба. Тој е спроведен во СВР Куманово за понатамошна постапка.
Ш.А.(24) за излез на Табановце приложил шведски пасош, а при проверка кај него е најден пасош на име Р.Ј.(25) од Косово. Нему му е изречена парична казна и забрана за влез во земјава во рок од една година.