Мени

Две кумановки и петмина банкарски службеници осомничени за измама од 200.000 евра

22.10.2026 12:29 | KumanovoNews

МВР поднесе кривична пријава против две кумановки и петмина банкарски службеници за измама, злоупотреба на лични податоци и злоупотреба на службена положба и овластување, бидејќи оштетиле повеќе граѓани за сума од над 12 милиони денари или околу 200.000 евра.

 

Две кумановки и петмина банкарски службеници осомничени за измама од 200.000 евра

А.С.Д. (23) и М.В. (35), двете од Куманово, се осомничени за сторени кривични дела „измама“ и „злоупотреба на лични податоци“, додека М.П.(34), С.М.(27), Н.Н.(34), Д.М.(48) и С.О.(36) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

„Првопријавената, во периодот од јануари до јули 2026 година во 18 наврати, искористувајќи лични податоци на повеќе лица, во нивно име и без нивна согласност аплицирала за брзи потрошувачки кредити, а по одобрувањето и исплата на парите, тие биле противправно присвоени од прво и второпријавената.

Додека, останатите пријавени, вработени како банкарски службеници во филијала на една банка, овозможиле реализација на измамата и располагање со парични средства, со што им овозможиле на прво и второпријавената да се стекнат со противправна имотна корист во вкупен износ од 12.221.500 денари“, соопшти МВР.