Две лица повредени во судир на автомобил и мотор
22.05.2019 13:49
| KumanovoNews
Две лица се тешко повредени во сообраќајната несреќа што се случила вчера попладне на ул.„Пролетерска“ во село Росоман.
До несреќата дошло при судир на патничко возило „мицубиши пајеро“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.Љ.(48) од село Младо Нагоричане, општина Старо Нагоричане и мотоцикл „хамачи“ без регистарски ознаки, управуван од М.Ѓ.(19) од село Росоман.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле мотоциклистот М.Ѓ. и неговиот 15-годишен сопатник од село Сирково. На двајцата им била укажана лекарска помош во болницата во Кавадарци, по што М.Ѓ. бил препратен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид извршила екипа од Полициската станица Кавадарци.

