Џез концерт на „Филип Стевановски бенд“ во Куманово
30.04.2018 08:08
| KumanovoNews
Во салата на Занаетчискиот дом во Куманово, вечерва во 20 часот, џез концерт ќе одржи Филип Стевановски со неговиот бенд.
Концертот се одржува по повод 10 годишниот јубилеј на Филип Стевановски бенд, како и одбележување на Светскиот ден на џез музиката.
Со овој концерт „Филип Стевановски бенд“ ја започнува македонската турнеја, проект на Министерство за култура од областа на фолклорот, музичката и музичко-сценската дејност, а под покровителтво на градоначалникот и Советот на Општина Куманово и Фондација за култура и спорт на Општина Куманово.
Членови на бендот се: Филип Стевановски - кулавијатри и тромбон, Ирена К. Стевановска - вокал, Александар Коларов - бас гитара и Филип Крстевски - тапани.

