×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Еден милион евра за одржување на зеленило, чистење и обележување на улиците во Куманово

    05.01.2024 11:36 | Оливера Пешевска

    Околу 1 милион евра ќе плати Општина Куманово за делегираните должности на ЈП „Чистота и зеленило“ за 2024 година.

    Еден милион евра за одржување на зеленило, чистење и обележување на улиците во Куманово

    Се работи за 4 програми од годишните планови на претпријатието кои се однесуваат на чистење и одржување на јавно прометни површини, раззеленување на градот, вертикална сигнализација на сообраќајниците и ангажирање на работници преку Агенцијата за привремени вработувања.

    Плановите и програмите на претпријатието се во вредност од 50 милиони денари, но со некои додатоци достигнуваат до 1 милион евра.
      
    Советниците од опозицијата бараат поголема ангажираност на претпријатието во расчистување на градот, бидејќи се работи за големи средства, а градот е затрупан во смет и со запуштени паркови и зеленило.

    „Граѓаните да го видат бенефитот од овие програми. Да видат резултати, промени, повеќе да се ангажирате затоа што имаме 35 милиони денари за раззеленување и чистење на 29 локации. Колку што може да се види се одржуваат плоштадите, парковите и  Градскиот кеј. Имате и заеднички акции со мештаните, а на некои седници се повикувате на Законот за домување по кој станарите сами треба да го одржуваат партерниот дел“, истакна советникот Благојче Јаќимовиќ, на последната седница на советот.

    Изгласаната програма за оваа година предвидува 35 милиони денари за одржување на градското зеленило и тоа на 29 локации- Градски кеј, 3 МУБ, Соколанскиот и Градскиот парк, Градскиот базен, локалитет Кошеви, Турска пекара, улиците Никшиќка, Титова Митровачка, Варждинска итн. Предвидени се и, меѓу другото некаде околу 95 илјади евра за садење на цвеќе на двата плоштади, а ако се земе во предвид и Градскиот парк или другите површини проектирани се преку 150 илјади евра за хортикултурно уредување. Во пресметките кои беа дадени има ставка и за машинско косење, со број на операции осуманаесет.

    „Не само што ќе одработиме се што е предвидено, секогаш испорачуваме и многу повеќе. И не само што се однесува на зеленилото, туку и во делот на метење и одржување на улиците секојдневно се трудиме да опфатиме и по некоја улица која не е предвидена во програмата. Во овој предлог на програмата се дадени сите оние работи кои праксата покажува дека се потребни во текот на наредната година“, објасни директорот на ЈП „Чистота и Зеленило“ Даниел Стојчевски.

    Во неговото образложување беше нагласено дека операциите за косење започнуваат од месец април, а понекогаш се случува да траат до октомври, ноември. Може да се случи да има повеќе од осумнаесет операции кои претпријатието мора да ги изврши на плоштадите, парковите и главните булевари.

     Граѓаните реагираат дека претпријатието го чисти и уредува само централното градско подрачје, додека останатите делови на градот и паркови, како и зеленилото на Октомвриска револуција е запуштено. За валканоста во градот голема улога има и свеста и културата на граѓаните.