08. 08. 2020 22:14

Еден починат и 14 новозаболени од коронавирус во Куманово

Еден починат и 14 новозаболени од коронавирус во Куманово

 Во последните 24 часа се направени 1828 тестирања, а регистрирани се 200 нови случаи на ковид-19. По градови во: Скопје 65, Куманово 14, Штип 21, Тетово 12, Велес 12, Гостивар 14...

Починати се 4 лица, пациент од Скопје (70), пациент од Гостивар (58), пациент од Куманово (51) и пациент од Македонски Брод (66). Два пациенти се починати во болнички услови, два се починати вонболнички.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 15 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 113619 тестирања на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11754,  бројката на оздравени пациенти е 7622, на починати е 523, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3609.

2008 - 2019 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk