Eдношалтерски систем за изгубени документи
Од денеска почнува со работа едношалтерски систем за објава на изгубени лични документи и вадење на нови во управните служби на МВР во сите градови во земјава.

Со ова постапката се поедноставува и забрзува, така што граѓаните веднаш ќе можат да објават дека документот е неважечки, да платат и да почнат постапка за вадење на нов документ.
Ова е заеднички проект на МВР и Службен весник кој претходно имаше тест период. Досега граѓаните од внатрешноста губеа по неколку дена бидејќи во нивниот град немаше канцеларии на Службен весник.
Статистиката покажува дека годишно 30.000 граѓани ги губат своите лични документи и тоа најчесто лични карти, возачки дозволи, пасоши и сообраќајни дозволи.