×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Експлозијата ги вознемири кумановци

    11.07.2015 09:26 | KumanovoNews

    Загрижени и уплашени за својата безбедност се граѓаните кои живејат во зградите на Градскиот плоштад во Куманово.

    Експлозијата ги вознемири кумановци

     Тие велат дека од детонацијата се тресела зградата, по што тие испаничени излегле да видат што се случува.

    “Беше многу јака детонацијата и сите не разбуди. Кога излегов на тераса дворот беше во прашина. Скршени стакла на сите страни, посебно на станот кој е на први кат. Многу сме загрижени , не знаеме за што се работи и чекаме од СВР Куманово официјална информација за да не нагаѓаме “-рече Деан Илиевски, станар од зградата.

    Увидот на СВР Куманово и крим техника се уште трае.  Местото е обележано со ленти и се забранува поминување на луѓе низ тунелчето до местото каде била подметната експлозивната направа. На лице место се забележуваат скршени стакла од петокатницата и на паркингот.

    Експлозијата која ги разбуди кумановци ги потсети на случувањата во населбата Тоде Мендол.  Граѓаните вознемирени се прашуваат дали секој викенд ќе го чекаат со страв од вооружени напади.