×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Емилија Трајковска нова претседателка на жените во ВМРО - ДПМНЕ

    31.10.2014 12:32 | KumanovoNews

    Емилија Трајковска е избрана за нова претседателка на Унија на жени на ВМРО - ДПМНЕ Куманово.

    Емилија Трајковска нова претседателка на жените во ВМРО - ДПМНЕ

    Таа се заблагодари за довербата од сопартијците и рече дека и во иднина ќе работи на совладување на предизвиците.

     “Голема чест и задоволство ќе ми биде да работам со сите вас. Ќе имаме можност во иднина да соработуваме и да остваруваме заедно. Подготвена сум заедно со вас да се соочам со предизвиците и да одговарам на задачите. Нашата работа ќе биде во соработка со општинскиот комитет на ВМРО - ДПМНЕ, со Унија на млади сили, со Унијата на ветерани и други кои би сакале да се приклучат и да работат со нас. Моја единствена мисла е дека единството во нашите редови, отвореноста, искреноста и почитта меѓу себе се главните карактеристики по кои треба да се водиме“ - вели Трајковска.

    Таа ги повика сите симпатизери на ВМРО - ДПМНЕ и граѓани да им се придружат и со своите идеи да придонесат за Куманово.

    Трајковска по професија е правник, вработена во Агенција за странски инвестиции. Таа доаѓа на местото на Злата Божиновска  на која и заврши мандатот.