Епархијата го објави распоредот на богослужби за 2016 година
Кумановско-осоговската епархија го објави распоредот на богослужби за 2016 година на својот веб сајт, со кои ќе чиноначалствува владиката Јосиф.

На 3 јануари недела пред рожденство Христово, во 8.30 часот во црквата „Свети Никола“ ќе се одржи божествена литургија со која ќе чиноначалствува владиката Јосиф. Божествена литургија на 5 јануари повторно ќе има во истиот храм со почеток во 8.30 часот.
На 7 јануари, рожденство Христово во „Свети Никола“ ќе има божествена литургија во 8.30 часот. На 8 јануари владиката ќе чиноначалствува со литургија во црквата „Свети Димитрија“ во Крива Паланка, а на 9 јануари ќе чиноначалствува со литургија во „Свети Јован Крстител“ во Кратово. На 10 јануари литургија ќе има во „Света Мина“ во Куманово. Распоредот е објавен на koe.mk.