×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Евроамбасадорот Орав го посети Куманово

    22.05.2012 12:39 | KumanovoNews

     Eвроамбасадорот Аиво Орав напладне во Општината Куманово се сретна со градоначалникот Зоран Дамјановски со кој разговараа за важни политички теми од регионот.

    Евроамбасадорот Орав го посети Куманово

    Ова е втора посета на Орав во Куманово, но официјално прва протоколарна средба.

     Денеска евроамбасадорот официјално дојде да поразговараме за некои отворени теми, за локалната самоуправа, да се запознаеме пред се со активностите, нивото на децентрализација, состојбите во регионот. Тоа се општи теми и наши почетни контакти. Пред се како европски ориентиран град Куманово, разговаравме и за нашите заложби за Европската Унија. Правиме се за промоција на идејата за влез во Европската Унија, односно нашите интеграции - рече Дамјановски.

    Тој се надева дека комуникацијата во иднина ќе биде интензивна и во правец за развој на европско Куманово. Евроамбасадорот Орав потврди дека политичкиот развој и децентрализација и процесот на центализација биле темите на кои се дискутирало.

    Децентрализацијата е процес кој се мониторира со извештајот за напредок и секако ќе биде дел од претпристапниот дијалог на високо ниво. Ние покривме многу прашања. Можам слободно да кажам дека денес кога ќе го напуштам Куманово ќе бидам поинформиран од порано. И покрај фактот што денес времето не е погодено, луѓето се многу фини, многу добри и топли- истакна Орав.

    Градоначалникот Дамјановски на евроамбасадорот му подари македонско вино, а Орав на Дамјановски му даде чадор и му посаката да послкоро да го користи со оглед на временските услови.