×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Европска недела на движење во градинката „Буба Мара“

    25.09.2015 13:24 | KumanovoNews

    Под мотото „ За долг и здрав живот“ денеска се одбележа Европската недела на движењето во објектот “Буба Мара“ при градинката “Ангел Шајче“.

    Европска недела на движење во градинката „Буба Мара“

    Федерацијата на рекреативен спорт организира активности во 20 општини, при што беше опфатено и Куманово. Учествуваа деца од три објекти на градинката, а денеска активности се организираа во “Буба Мара“.

    “Ваков начин на спортување многу придонесува за еден добар соживот, соработка и толеранција од најмали нозе кај децата. По нашата планирана активност сакавме да започнеме со најголемите. Имаме вклучено вкупно 30 деца, по 10 Македончиња, Албанчиња и Срби, а потоа ќе продолжиме и со сите дечиња од помалите групи. Ова се дечиња од 5 до 6 години, голема група, кои следната година ќе заминат на училиште“- изјави Лидија Јаневска, одговорен воспитувач во градинка “Буба Мара“.

    Во објектот “Буба Мара“  се згрижени околу 240 деца и наскоро се планира воведување на факултативни програми. Децата доброволно ќе следат часови по физичко за поздрав живот.

    Покровител на Неделата на движење е Агенцијата за млади и спорт и Меѓународната асоцијација за спорт и култура од Копенхаген, а меѓу помагачите се и Европската велосипедска федерација, Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, Федерацијата на училишен спорт на Македонија.