Фалсификувал шасија на камион
14.06.2012 14:15
| KumanovoNews
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против А.М.(34) од с.Черкези-кумановско за сторено кривично дело „фалсификување исправа“.

Во 2011 година, пријавениот купил товарно возило „фолксваген транспортер“, а откако механички го отстранил делот каде бил втиснат бројот на шасијата вметнал парче со број на шасија од друго возило.
Возилото го пререгистрил во Скопје на име на негов роднина и како такво го управувал се до март 2012 година, кога од страна на полициски службеници од СВР Куманово возилото му е одземено.