Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На автопатот Табановце – Куманово, вчера околу 19.30 часот , полициски службеници ги привеле А.И.(20) од скопско и малолетник од општина Желино, затоа што „фолксваген голф“ превезувале три лица мигранти, од кои две од Кина и едно од Индија.
„Претходно, полициските службеници со употреба на дрон ги забележале мигрантите како влегуваат во возилото, а по преземени мерки возилото било запрено, а лицата биле лишени од слобода. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. Мигрантите биле сместени во Прифатен центар за странци во Скопје за понатамошна постапка“, соопшти МВР.