Фатени мигранти со фалсификувани документи
Мигранти кои се превезувале со такси возило управувано од А.А.(21) од Гевгелија, околу 3.45 часот утрово се запрени во реонот на обиколница Табановце и се задржани во полиција поради сомнение дека носат фалсификувани документи.

При извршена контрола утврдено е дека таксистот, превезувал шест мигранти од Гевгелија до железнички премин Табановце. По извршена контрола констатирано е дека лицата имаат потврди за искажана намера за право на азил, издадени на 4 декември во Гевгелија. Во документите издадени во Грција пишувало дека двајца се со ирачко државјанство, а четворица со авганистанско, а во потврдите од Гевгелија пишувало сириско државјанство. Поради сомнение дека се работи за фалсификувани документи, мигрантите во 6 часот се предадени во СВР Куманово за понатамошна постапка.