Мени

Фатени мигранти во Долно Којнаре

12.12.2015 13:31 | KumanovoNews

Во возило во близина на Куманово вчера се пронајдени двајца мигранти.

Фатени мигранти во Долно Којнаре

Кај НАТО клучката во населбата Долно Којнаре, околу 6.30 часот, полицајци стопирале возило БМВ сопственост на Ф.И. од Скопје, а го возел Г.С.(44) од Велес. При извршен преглед најдени се двајца мигранти од Авганистан и Ирак.

По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.