Филмот „Збор“ ќе се прикажува во театар Куманово
Филмот „Збор“ во режија на Слободан Деспотовски вечерва во 19 часот, ќе се прикажува во театар Куманово.

Филмот е снимен по сценарио и во режија на Слободан Деспотовски, а со поддршка на Агенцијата за филм на Република Македонија и Македонската радиотелевизија.
Филмот раскажува приказна за двајца пријатели, Горди кој го почитува законот и кој сака да се обезбеди за староста што доаѓа, но и да ја обезбеди иднината на неговата ќерка Александра, и Арно некогашен легионер, човек без вера ни закон. Приказната открива дека Горди не го почитува законот и дека Арно, сепак, има еден закон, а тоа е дадениот збор, кој ќе го почитува на свој, крвав начин.
Во актерската екипа се: Сенко Велинов, Диме Илиев, Игор Стојчески, Ана Стојановска, Ванчо Петрушевски, Илбер Муртези, Гораст Цветковски, Катерина Шехтанска и Роберт Велјановски.