×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Филмска бркотница на полицајци и шверцер на мигранти

    17.01.2015 15:26 | KumanovoNews

    Комбито со мигранти прво било сопрено од кумановската полиција во населбата Карпош, но откако возачот како во филмско сценарио  успејал да побегне на шест патроли, да скрши наплатна рампа, да удри во автомобил и по неколку часовно бекство да стигне дури до Тетово, конечно бил совладан.

    Филмска бркотница на полицајци и шверцер на мигранти

    Вчера во 10.15 часот на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, поточно во населбата Карпош, додека полициски службеници вршеле редовна контрола, од Крива Паланка кон Куманово наишло комби со албанска национална ознака. Во моментот кога полициските службеници се обиделе да го сопрат, возачот со голема брзина свртел полукружно и се дал во бегство, назад, кон Крива Паланка.

    Полициското возило тргнало по него, но возачот на м.в. Света Петка, повторно свртел во полукруг и продолжил да бега кон Куманово.  Во обид полицајците да го престигнат, возачот се обидел да удри во нивното возило и да ги турне од патот. Бркотницата продолжила од магистралниот пат на автопатот кон Скопје, притоа избегнувајќи неколкуте полициски патроли кои се обиделе да го сопрат.

     За да го фати опасниот возач, полицијата поставила блокада на автопатот, но тој не застанал сакајќи да прегази полициски службеник. Полицијата испукала неколку куршуми во воздух, но возилото не застанало и со голема брзина се исклучило кон Куманово, па продолжило по регионалниот пат кон Скопје.

    Во бегањето, возачот во неколку наврати за малку не предизвикал сообраќајни незгоди, а во близина на железничката пруга кај Черкеско село удрил во друг автомобил. Ни тогаш не застанувал туку продолжил кон с.Никуштак каде повторно го чекала полициската патрола, но безуспешно.

    Возачот со голема брзина продолжил да бега, и преку с.Арачиново се исклучил на обиколницата кон Тетото, не застанувајќи на патролата на автопатната полиција. На наплатната станица ја искршил рампата и продолжил да се движи кон Тетово.

    Во близина на с.Групчин возилото е блокирано од страна на повеќе службени возила, кои го сопреле возачот Ќ.Р. (36) од село Радолишта, струшко, кој е приведен. Во возилото имало 12 мигранти од Сирија. СВР Скопје работи на целосно расчистување по што ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.